Хамилтон како Фанџо – петта F1 титула за Британецот!
Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, во трката за ГН на Мексико заврши на четвртото место, што беше доволно да ја завери новата шампионска титула
Победник во Мексико Сити беше холандскиот ас Макс Ферстапен, возачот на Red Bull, кој уште на стартот го претекна клубскиот колега Рикардо за потоа водечката позиција да ја задржи до крајот на трката и со тоа да ја оствари својата петта победа во кариерата.
Втор беше Себастијан Фетел, поранешниот шампион во Formula 1, кој на крајот не изгледаше премногу задоволен и покрај одличното второ место. Подиумот го заокружи Кими Раиконен кој трката ја заврши на третата позиција пред Хамилтон и Валтери Ботас.
Во првите десет и бодови завршија и Хулкенберг, Леклер, Вандорн, Ериксон и Гаскоњ.
Хамилтон ја освои својата петта титула во Formula 1 и стана само петтиот возач на кого тоа му пошло од рака во историјата на ова натпреварување.
Трката во Мексико не ја завршија Алонсо, Саинц, Перес и освојувачот на пол позицијата Рикардо. Првите тројца се откажаа уште во почетните кругови на трката, за разлика од Рикардо кој без пласман остана некаде кон крајот на трката. Австралиецот возеше добро, се бореше за второто место со Фетел, но за жал мораше да се откаже, по осми пат, најмногу од сите оваа сезона, поради проблеми со моторот.
На Хамилтон за заверка на титулата му беше потребно да заврши најмалку на седмото место и се чини и не вложи премногу напор за да стигне до пласман на пиедесталот, иако во текот на целата трка имаше проблем со ултра-меките гуми.
Показател за недостатокот на интерес кај Хамилтон беше и лесното предавање на позиција во борбата со Кими Раиконен и Себастијан Фетел, на кои практично им дозволи да го поминат без борба.
Со новата петта по ред титула, Британецот на вечната листа се изедначи со Хуан Мануел Фанџо, а рекордер сеуште е легендарниот Михаел Шумахер со седум.
Fangio, Schumacher… Hamilton
Huge congratulations, Lewis ?#F1 pic.twitter.com/0xnoCJnU6x
— Formula 1 (@F1) October 28, 2018
Well-earned champagne showers for @MercedesAMGF1 and @LewisHamilton ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/LCCMLScsqj
— Formula 1 (@F1) October 29, 2018
Нешто што мора да се спомене за оваа трка е разликата помеѓу првите три екипи и остатокот од караванот. Хулкенберг, кој на крајот од трката заврши на 6. место, заостануваше два круга зад водечките, а возачите на „опашката“ заостануваа дури три круга. Оваа разлика мора да ги загрижи водечките луѓе во Formula 1, бидејќи ако наскоро нешто не се промени, помалите тимови нема да имаат мотивација да се борат во овој шампионат.
Иако Хамилтон успеа да ја обезбеди шампионската титула кај возачите, шампионатот во категоријата конструктори се уште е отворен. До крајот на сезоната остануваат уште две трки, а Ferrari е во налет. Ако продолжи така, можеби и би можел да го надокнади бодовниот дефицит во однос на Mercedes (-55) и по 10 години ја освои титулата кај конструкторите.
2018 Mexican Grand Prix: Резултати
2018 Mexican Grand Prix: Race Highlights
2018 Mexican Grand Prix: Изјави по трката
"It just doesn't feel real at the moment" ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/1o4h8kLTIC
— Formula 1 (@F1) October 28, 2018
A second win of the season in dominant style for @Max33Verstappen ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/03FmNxTMKN
— Formula 1 (@F1) October 29, 2018
"It's Max's day, and mostly Lewis' day, so congrats to them"
Gracious in defeat, but determined to give Ferrari a chance in the constructors' championship. Seb's not done for this season yet… ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/shZjSVTF5T
— Formula 1 (@F1) October 29, 2018
He's usually the happiest man in the Formula 1 paddock, but an eighth retirement of the season took its toll on Daniel Ricciardo in Mexico ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/aMH8gHvobZ
— Formula 1 (@F1) October 29, 2018
2018 Formula 2: Генерален пласман / ВОЗАЧИ
Следната трка во шампионатот во Formula 1 се вози за две недели во Бразил.