Групацијата BMW ќе укине половина од традиционалните погони
Целата акција започнува во 2021 година
Како што стојат работите, групацијата BMW е подготвена целосно да се префрли на хибриден и електричен погон. Баварскиот производител ги објави финансиските резултати за минатата година од кои е јасно дека истата е затворена со зголемен профит. Приходите на групата, која ги вклучува автомобилската и моторната дивизија на BMW, како и Mini и Rolls-Royce, надминале 100 милијарди евра, што е за прв пат во историјата. Како и да е, во официјалниот извештај се споменува де нè очекуваат значителни промени кога станува збор за погонските системи, а револуцијата започнува веќе следната година.
„Од гледна точка на производи, до 50 проценти од традиционалните погонски варијанти ќе бидат елиминирани почнувајќи од 2021 година, како дел од транзицијата кон создавање понапредни, интелигентни архитектури, во корист на дополнителни електрифицирани погони“.
Што всушност значи тоа? Оваа објава не дава увод во деталите за кои модели конкретно станува збор, но јасно е дека се води кон електрификација. Почнувајќи од 2021 година, BMW ќе преземе значајни чекори во транзицијата од SUS мотори кон хибридни и електрични погони. Се разбира, тоа не значи дека половина од постојните модели ќе бидат отстранети, иако намалувањето на флотата е неизбежно. Треба да се потенцира дека ова се однесува на групацијата BMW, а не само на BMW како бренд.
Всушност, „електричната“ трансформација на BMW веќе е во тек. I3 се очекува да трае најмалку до 2024 година, додека Mini Cooper SE веќе е достапен. Електричниот новитет, iX3 се очекува во Европа во продажба да влезе следната година. BMW неодамна го тргна превезот и од концептот i4, кој е многу блиску до серискиот модел, чие деби е закажано за 2021 година. Тука е и iNext SUV, кој исто така ќе се појави следната година.
Додека i3 е посебен модел, другите имаат блиски врски со бензинските „роднини“. На крајот, како што велат и од BMW, можно е деновите на варијантите со SUS-мотори да се одброени.