Откако атрактивниот субкомпакт придвижуван од 1.5-литарски бензинец Skyactiv-G постигнал потрошувачка на гориво и емисии на CO2 кои ги надминуваат само BEV и PHEV возилата, оценката на Green NCAP за овој Mazda модел е високи 3,5 ѕвезди за таа категорија

Резултатот од тестот ја става тестираната верзија на наградуваниот модел од Б-сегментот со 55 kW / 75 КС во многу ексклузивен клуб на возила чиј погон е мотор со внатрешно согорување. 

„Честитки за Mazda за импресивните перформанси, особено во однос на потрошувачката на гориво“, вели Александар Дамјанов од Green NCAP. Покрај малата потрошувачка, организацијата ги истакна и ниските емисии на Mazda2, истакнувајќи дека овој модел би постигнал уште подобар резултат доколку бил опремен со филтер за честички“.

Лесен, со одличен одзив и ефикасен во исто време, атрактивниот субкомпакт на Mazda е едно од трите возила напојувани од мотор со внатрешно согорување без целосно хибриден систем што добива 3,5 ѕвезди. Само целосно електричните модели (BEV) и plug-in хибридите (PHEV) имаат повисоки рејтинзи на Green NCAP. 

„Резултатите како овие ја потврдуваат нашата стратегија да продолжиме да го подобруваме внатрешното согорување и на тој начин веднаш да го ублажиме влијанието на нашите автомобили врз опкружувањето во реалниот свет“, вели Џуниор Хајко Стрицел, Раководител за развој на погонски агрегати во Mazda Motor Europe.

Најновата верзија на Mazda2 2022 со моќност од 55 kW / 75 КС се придвижува од нов бензински Skyactiv-G мотор со нова технологија со повисок сооднос на компресија (15:1 наспроти 13:1). Како резултат на тоа, намалена е потрошувачката на гориво и емисиите на CO2 за околу 10% во споредба со тестираниот модел, и покрај тоа што моделот останал без благиот хибриден систем на Mazda, а со зголемен вртежен момент за 6%. И официјалните бројки на Mazda се исклучително точни дури и во реални услови на возење: просечната потрошувачка на Mazda2 за време на тестовите Green NCAP е само малку повисока од официјалната бројка од компанијата за комбиниран циклус WLTP.