
Граѓаните живеат со еден долар на ден, а владата купила 40 Maserati Quattroporte само за една забава
Во некои делови на светот, економската состојба е едноставно ужасна. Еден од „подобрите“ примери е Папуа Нова Гвинеја
Мажите живеат со еден долар на ден, а понекогаш и со помалку. Сепак, и покрај тешката ситуација, владата купила автомобили за милиони долари – и тоа само за еден настан.
Станува збор за четириесет Maserati Quattroporte и Granturismo. Владата ги купила италијанските лимузини за министрите кои присуствувале на самитот на Азиско-пацифичката економска корпорација (АПЕК) во 2018 година. Секој од нив чинел 142.000 долари или вкупно 5,7 милиони долари. Во меѓувреме, ОН известуваат дека е Папуа Нова Гвинеја е една од најсиромашните земји во светот.
Тука не е крај на контроверзноста, бидејќи автомобилите од оваа марка не се продавале во Папуа Нова Гвинеја, па владата ги купила од дилер во Шри Ланка. Веројатно производителот не очекувал да продаде толку луксузни автомобили на една екстремно сиромашна земја … Покрај моделите на Maserati, властите купиле и три Bentley Flying Spurs. За да биде уште поинтересно, автомобилите до дестинацијата се пренесени со изнајмен Boening 747.
Неодамна владата одлучила да им ги прикаже на медиумите сите 40 автомобили паркирани во магацин. Владините претставници сфатиле дека недостатокот на сервисни услуги од Maserati во земјата сериозно ја ограничува употребата на овие автомобили.
Затоа ќе се продаваат по намалена цена. Оваа одлука ја донел министерот за финансии Џон Пундари. Во исто време, тој признава дека тоа било грешка. Цената на возилата би требало да биде 114.000 долари. Со оглед на нивната возраст и трошоците за превоз (најверојатно нема да останат во Папуа Нова Гвинеја), тешко е да се замисли таму ќе најдат купувач.
Купувањето на овие Maserati автомобили секако предизвикало многу контроверзии, но владата со години купувала и други скапи возила. Тамошните медиуми сугерираат дека биле купени вкупно 300 автомобили, вклучувајќи ги и моделите Toyota Land Cruiser, Mitsubishi Pajero како и модели на Mazda и Ford. Овие, сепак, не се пронајдени.
Граѓаните се сомневаат дека автомобилите се неправедно преземени од влијателни лица со кои изобилува земјата. Од друга страна, сиромашното општество страда од сето ова и честопати нема доволно пари за пристоен ручек.