Goodyear разви специјална гума за електрични возила / ВИДЕО
Познатиот производител на гуми изработил прототип на гумата EfficientGrip Performance специјално за електрични возила. Оваа гума е развиена за да ги задоволи специфичните барања на електричните автомобили и да им овозможи на возачите и патниците мирно и удобно возење
На овогодинешното издание на Женевскиот авто салон, Goodyear презентираше бројни иновации од својата програма. Меѓу другото, на автомобилските ентузијасти им понуди на увид прототип на гумата EfficientGrip Performance со Electric Drive технологија дизајнирана специјално за растечкиот пазар на електрични возила.
Се поголемиот број на прописи кои се однесуваат на намалување на емисиите, желбата да се намали зависноста од фосилните горива и брзиот напредок на технологијата за батерии поттикнуваат развој на електрични возила. Овој растечки автомобилски сегмент истовремено поставува единствени барања во поглед на перформансите на пневматиците.
Резултатите од тестовите спроведени од страна на Goodyear покажале дека конвенционалните гуми на електрични возила се трошат и до 30% побрзо, пред се поради во старт достапниот голем вртежен момент и дополнителната маса на возилата поради тешките батерии.
Производителите на електрични возила, покрај издржливоста на гумите, бараат се помалку и помалку отпор на триење, а приоритет за корисниците е да имаат поголема автономија за возење, бидејќи инфраструктурата на станиците за полнење на батериите во повеќето земји сеуште е недоволно развиена.
Треба да се има на ум дека електричните возила со ниска брзина се двојно потивки од конвенционалните возила, па гумите исто така треба да обезбедат тивка и удобна возење.
Што всушност претставува EfficientGrip Performance за електричен погон:
Поголема километража со иновативниот дизајн на газечкиот слој: потенки ламели во газечкиот слој обезбедуваат поголема површина на налегнување на гумата отколку конвенционалните радијална канали. Со поголема површина на гумата во контакт со патот, гумата може подобро да одговори на високиот вртежен момент на моторот и да одржува високи перформанси и на влажни површини. Покрај тоа, специјалниот дезен на газечката површина спречува влез на звучните бранови да влегуваат во каналите, со што се намалува внатрешниот и надворешниот шум за време на тркалање.
Конструкција со голема носивост: внатрешноста на пневматикот ја поднесува дополнителна тежина на возилото поради батеријата, а во исто време има оптимална површина за налегнување за постигнување високи перформанси.
Зголемена автономија на возење: карактеристиките на материјалот во составот на газечкиот слој овозможуваат екстремно низок отпор при тркалање, со што се зголемува радиусот на движење на возилото и одговара на високиот вртежен момент на моторот. Во исто време, страничниот ѕид е дизајниран да ја намали аеродинамичката отпорност, а со профил е намалена масата, поради што потрошувачката на енергија е помала.
Goodyear предвидува дека технолгијата Electric Drive на пазарот може да ја видиме во 2019 година, а компанијата веќе работи со производители на автомобили за таа намена.