„Голфот“ од Škoda ќе се вика Scala
Новиот компактен хечбек својата премиера ќе ја има до крајот на оваа година
По откривањето на силуетата, Škoda го откри и името на својот нови модел. Името доаѓа од латинскиот збор „scala“ и означува скали.
Škoda Scala претставува вистински чекор напред од страна на чешкиот производител во сегментот на компактни хечбек возила, каде што го очекува тешка конкуренција во форма на модели како VW Golf, Ford Focus, Opel Astra, Renault Megane, Peugeot 308, Toyota Corolla и многу други.
Scala ќе биде и првиот модел на Škoda кој на централниот дел на капакот на багажникот ќе носи испишано име на брендот наместо амблем.
„Со моделот Scala отвораме ново поглавје во сегментот на компактни Škoda автомобили. Ова е сосема нов модел кој поставува стандарди кога станува збор за технологија, безбедност и дизајн во оваа класа“, вели Бернард Маер, претседател на Одборот на директори на Škoda Auto.
Како што вели, овој автомобил, исто така, носи некои иновации во внатрешниот дизајн и екстериерот на моделите на Škoda.