Голема локва крв? Во оваа работилница за детали, се фалат дека нема да ве осудуваат или да ви поставуваат прашања
Објавата на Facebook на Tony’s Touch Auto Detailing привлече големо внимание, со преку 27.000 споделувања за само неколку дена
Работилниците за детали често користат пред и потоа фотографии од валкани и запоставени возила за да ги промовираат своите услуги. Сепак, оваа компанија од Чикаго решила да направи нешто сосема поинакво во својот маркетинг. Од Tony’s Touch Auto Detailing на социјалните мрежи објавиле фотографија од внатрешноста на автомобил натопена со крв, пред да покажат исчистена верзија.
Очекувано, објавата на Facebook привлекла големо внимание, со повеќе од 27.000 споделувања за само неколку дена. Тапацирот од светла ткаенина на задното седиште во Hyundai е покриен со нешто што изгледа како крв, што ги шокирало коментаторите.
Откако многу коментатори останале загрижени за тоа што се случило, работилницата за детали ги уверила сите дека повредени нема, додавајќи дека „поентата на оваа објава е да се покаже разновидноста кога станува збор за отстранување на дамки, како и одлична реклама“. Навистина, со толку многу коментари, лајкови и споделувања, ова се покажало како многу успешна тактика за рекламирање без трошоци.
Ако требаше да се погодува, најверојатното објаснување за дамките – под претпоставка дека се крв – е дека трудница со ова возило била пренесена во болница додека се пораѓала. Како што забележува еден корисник на Facebook, тоа би можело да биде „резултат на одвојувањето на постелката при породување во автомобил“.
Во секој случај, мора да се признае дека работилницата многу добро ја исчистила задната клупа и околу, што во крајна линија резултира со уште еден задоволен клиент.