Новинар на порталот The Drive разговарал со главниот програмски инженер на Rimac Nevera, Матија Рениќ

Електричниот хиперавтомобил Rimac Nevera забрзува од нула до 100 km/h за 1,85 секунди. Ако веќе не сe успеало претходно, тогаш дефинитивно се достигнуваат границите на она што човечкото тело може удобно да го поднесе кога станува збор за забрзување на врвен автомобил.

Со цел да се добие конкретен увид во тоа колку брзо ќе можат да забрзаат суперавтомобилите и хиперавтомобилите од следната генерација, новинарот на порталот The Drive разговарал со главниот програмски инженер на Rimac Nevera, Матија Рениќ.

На прашањето дали во иднина навистина е можно од нула до 100 km/h да се забрза за една секунда или дури половина секунда, Рениќ вели:

„Под една секунда“.

За оние кои не се многу запознаени со овие спецификации, еве малку контекст. McLaren 720S – суперавтомобил со средишно поставен V8 мотор од нула до 100 km/h стигнува за 2,8 секунди. Тоа е околу две секунди побавно од теоретската иднина на Рениќ за Rimac.

Сепак, инженерот објаснува дека Nevera за 1,85 секунди не е направена само за да се покаже на тркачката патека, туку да биде автомобил за возач кој е навистина пријатен за возење.

„Автомобилот е многу брз, искрено“, вели Рениќ. „Многу сме горди на бројките, но болидот е повеќе од тоа. Тоа не е пони со еден трик, не е драгстер што го носите на патека и ги добивате најдобрите времиња, и тоа е тоа. Автомобилот всушност е многу, многу сложен, ви покажува што може да направи автомобилската технологија во иднина. Исто така е многу употреблива и многу пријателска од корисничка перспектива. И на крајот она што сакавме да го постигнеме е да развиеме автомобил за возач, нешто што е многу интересно и многу наградува ако само го извадте и провозите“, вели Рениќ за американскиот портал.