Вкупно, повеќе од 350 градови, општини и области се приклучиле кон иницијативата

Иницијативата за ограничување на брзината на 30 km/h во централните градски пордачја, чии коосноваче се градовите Аугсбург, Улм и Фрајбург, наоѓа се повеќе поддржувачи. Во просек, една општина се приклучува на проектот секој работен ден, вели вработен во иницијативата „Градови за живеење“, а објавено од Sueddeutsche Zeitung. Вкупно, повеќе од 350 градови, општини и области се приклучиле кон иницијативата.

Општините сакаат сами да одлучуваат за дозволената брзина во населените места. Тие се жалат дека до сега во Сојузното министерство за транспорт во Берлин немало волја сериозно да се справи со овие проблеми. Според здружението, тоа треба да се промени годинава преку поголем притисок од јавноста.

Неодамна, Федералната агенција за животна средина препорача воведување на ограничување на брзината од 30 km/h низ цела Германија, односно во центрите на градовите и населбите. Идејата е да се намали бучавата и загадувањето на животната средина.