Баварската компанија ќе прави половина милион електромотори на годишно ниво

Баварскиот производител ќе го прошири капацитетот на својата најголема фабрика во Европа, Динголфинг во Германија, така што во иднина ќе може да прави доволен број погонски единици за своите електрични автомобили.

Кога експанзијата на капацитетот ќе заврши во 2022 година, во фабриката секоја година ќе се произведуваат 500.000 електрични погонски системи за електричните возила на BMW.

E-Drive погонскиот систем на BMW вклучува и систем за пренос и контролна електроника, а новата генерација на овој систем ќе биде инсталирана за прв пат во BMW iX3, кој ова лето ќе влезе во продажба во Кина.

Фабриката во која се прават е-drive погонските системи ќе се прошири дури за десет пати, од сегашните 8000, на 80.000 квадратни метри. Бројот на вработени ќе се зголеми и на 2.000.

Loading...