Валтери Ботас во Mercedes со мирно возење ја освои интересната трка за ГН на Турција. Второто место му припадна на Макс Верстапен во Red Bull, а подиумот го комплетираше неговиот тимски колега Серхио Перез

Валтери Ботас

Валтери Ботас до трката во Турција беше без победа една година.

„Мислам дека ова беше една од моите најдобри трки досега. Се беше о моите раце, освен едно мало губење контрола. Уште пред трката реков дека болидот е добар во сите услови. Имав многу самодоверба и можев да контролирам се. Во такви услови, не е лесно да се избере стратегија, но денес се помина без проблеми“.

Макс Верстапен

„Не беше лесно бидејќи патеката беше лизгава. Мораше да внимаваме на гумите и не смеевме да форсираме. Валтери постојано имаше повисоко темпо, и се чини дека подобро ги чуваше гумите. Сепак, задоволен сум од второто место бидејќи во вакви услови, лесно може се да отиде во погрешна насока. Мислам дека најголемиот предизвик беше да се остане буден. Се шегувам секако“.

Серхио Перез

„Трката беше многу интензивна. Имав борба со Луис, потоа со Чарлс. Немавме јасна претстава за тоа што се случува со гумите. Ова беше една од оние трки каде што ви е дозволено да притискате само одредено време. Беше многу тешко да се чуваат гумите бидејќи нивната температура постојано одеше нагоре-надоле“.

Луис Хамилтон

Луис Хамилтон беше видно незадоволен од одлуката на тимот да го повика за промена на гумите на самиот крај од трката, но на крајот успеа да го задржи петтото место.

„Не беше тешко да се донесат вакви одлуки. Не знам што да кажам. Денеска загубивме бодови, но се надевам дека научивме многу“.

2021 Turkish Grand Prix / POST-RACE SHOW