Глобалната продажба на електрични возила пораснала за 43 проценти
Во 2020 година, продажбата на електрични возила на глобално ниво се зголемила за 43 проценти, а Норвешка е најдалеку во набавката на електрични автомобили, каде учеството на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година изнесува 54,3 проценти
Податоците покажуваат дека 4,2 проценти од купените нови возила во светот биле електрични.
Вистина, граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека електричните возила наскоро ќе станат достапни и за граѓаните од другите земји без вообичаените даночни олеснувања и субвенции воведени од владите низ целиот свет.
Потсетување, Норвешката национална стратегија е целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година.