Малиот EV модел од гамата на Volkswagen е најпродаваниот електричен автомобил во Германија во текот на јули

За електричниот Up се одлучиле 2.556 клиенти, а на второто место е уште еден модел на Volkswagen, овојпат ID.3 со 2.180 регистрации. Трет на листата е Renault Zoe со 1.320 продадени возила, додека Kona на Hyundai е на четвртото место (1.267).

На петтото место е електричниот Fiat 500, кој успеал да го најде својот пат до 1.256 потрошувачи. Следат Škoda Enyaq (1.198), VW ID.4 (1.036) и батериската варијанта на Opel Mokka со 916 регистрации.

Деветти на листата е Mini Cooper SE, кој регистрирал 841 продаден примерок, додека првата десетка ја заокружува дебитантот Hyundai Ioniq 5. Корејскиот ас броел до 831 во текот на јули во Германија.

Интересно е што Model 3 на Tesla забележал само 489 регистрации во оваа земја во текот на јули, но тоа е во согласност со стихиската испорака на возила од американската марка. Сепак, Model 3 има акумулирано 14.208 продадени примероци во првите седум месеци од оваа година, што го става на третото место во рангирањето, веднаш зад Up и ID.3.

Неопходно е да се истакне дека Dacia започна со испорака на својот EV модел – Spring. Нискобуџетниот модел достигнал 548 клиенти во Германија во јули, а во првите седум месеци се продадени вкупно повеќе од 920 примероци.