Сојузниот министер за транспорт во германската влада, Андреас Шејер го отфрли предлогот на Германското друштво за заштита на природата (DUH) за ограничување на брзината на германските автопатишта на 120 km/h

Министерот кој доаѓа од редовите на партијата CSU, кампањата иницирана од страна на DUH  ја нарекува „иницијатива со низок интензитет која не е поддржана со аргументи“.

„Во фокусот на нашиот интерес е да се намали застојот на автопатиштата, како и зголемување на проодноста на истите, со што ќе се овозможи поголема мобилност, а со тоа и до намалување на нивото на штетни гасови“, вели Шејер. „Ова може да се постигне со стимулации и само со стимулации, а не со какви било ограничувања, уште полошо забрани“.

Првиот човек на DUH, Јирген Реш пред неколку дена најави дека сака да започне кампања за воведување на ограничување на брзината на автопатиштата низ Германија, а како главна причина за ваквиот став, изјави дека е заштитата на природата, и спречување на климатските промени.

Реш, исто така, изјави дека сака да ги истражи сите правни можности кои се на располагање, за DUH да издејствува легализација на ограничувањето на брзината на патиштата во земјата на 120 km/h.