Не им се допаѓа како го рекламираат терминот автопилот

Германската канцеларија за заштита на пазарната конкуренција пријавила, а се судот во Минхен отворил, постапка во која единствениот обвинет е американскиот производител Tesla.

Причината е употребата на контроверзниот термин автопилот во системи за помош при возење кои вклучуваат одржување на возилата во сообраќајната лента, брзина, темпомат и слично.

Обвинителите сакаат да ги заштитат клиентите од заблудата дека навистина станува збор за систем на самостојно возење и дека не е потребна асистенција од возачот, што не е во целост точно. Германија сè уште го нема регулирано правно прашањето за автономни автомобили, па идејата е да се забрани терминот автопилот и да не се дозволи возилата сами да управуваат.

Терминот автопилот неодамна е збогатен со систем за автоматизирано возење во урбани услови, односно возилата на Tesla имаат можност за самостојно застанување, движење на семафорите, следење на пешаци, велосипедисти и слично.

Официјалната изјава од Судот во Минхен е дека не се согласува со оваа практика.

Tesla ги отфрли сите обвиненија и изјави дека при употреба на автопилотот во нивните модели, потребно е возачите активно да ја следат состојбата, па според тоа не е можно автоматизирано работење на возилата за кое Германија ја терети компанијата.