Германија е се поблиску до ограничување на брзината на автопат
Моќно транспортно тело бара промени!
Поборниците за неограничена брзина на германскиот Autobahn се чини дека наскоро ќе мора да се предадат. Во големи делови од германскиот автопат (околу 70 проценти) се уште се вози без ограничувања, но притисоците растат. Последен во низата е Германскиот совет за безбедност во сообраќајот (DVR), кој има важна советодавна функција и вклучува клучни „играчи“ како што се Германскиот автомобилски клуб (ADAC), Здружението на автомобилски производители…
Сите се согласуваат дека оваа последна одлука има голема политичка тежина и дека е речиси невозможно Владата да игнорира јасно дефиниран став. DVR ја објаснува својата одлука со грижата за безбедноста во сообраќајот, протокот на сообраќај и еколошки причини, односно помала потрошувачка на гориво и емисии на CO2.