На интернет се појавија куп фотографии на кои е прикажана варијанта со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание

Додека трпеливо чекаме BMW да ја претстави ажурираната Серија 3, на интернет се појавија еден куп фотографии кои покажуваат стандардна и проширена верзија за кинескиот пазар, откривајќи ажуриран дизајн кој најверојатно ќе се пренесе и на моделот за останатиот дел од светот вклучувајќи ги Северна Америка, Австралија и Европа.

Напред може да се видат целосни LED фарови преземени од неодамна претставениот BMW i3 eDrive35L. Сепак, браникот на Серија 3 со мотори со внатрешно согорување се разликува од електричната верзија, а тука пред се се мисли на поголемиот централен усис и потенките странични вшмукувачки отвори во форма на L со црни украси.

Решетката е исто така поинаква со вертикални зарези или хоризонтални елементи истакнати со хром.

Профилот останува главно непроменет, со исклучок на новиот дизајн на тркалата и новите опции за боја.

Страничните прагови се уште една точка на диференцијација со електричниот i3 кој има дополнителни влезови зад предните тркала. Задниот редизајниран браник добива значително поголем дифузер, вертикални фарови опкружени со украси во темна боја и двојни издувни цевки со хромирани отвори кои се многу поголеми од реалните цевки.

Некои модели од Серија 3 ќе добијат сензори за предниот довод на воздух и камера на решетката како дел од пакетот ADAS, кој веројатно не е стандарден во Кина. Треба да се напомене дека сите модели на фотографиите се опремени со M Sport пакетот, а со тоа и значката M на предните браници. Ова би значело дека веројатно ќе видиме малку поинаков дизајн на браникот на вообичаените нивоа на опрема.

Во однос на димензиите, Серија 3 е долга 473 cm, со меѓуоскино растојание од 285 cm. Верзијата Li е долга 484 cm, со продолжено меѓуоскино растојание од 296 cm. Овие бројки се многу слични, но не се идентични со i3 eDrive35L.

Иако нема фотографии од кабината, фејслифтот на Серија 3 најверојатно ќе го наследи новиот заоблен дисплеј од i3 eDrive35L, вклучувајќи дигитална инструмент табла и инфозабавен екран на допир што ќе работи на најновиот систем iDrive 8.

Според спецификациите, Серија 3 во Кина ќе биде достапна со три бензински мотори – 320i произведува 156 КС (115 kW), 325i – 183 КС (135 kW), а 330i добива 245 КС (180 kW).

Во Европа и Северна Америка, понудата на погонски агрегати дефинитивно ќе вклучува повеќе електрифицирани опции, вклучително и благи хибриди и plug-in хибриди, а варијантите со дизел погон најверојатно ќе живеат уште неколку години.

Официјалната премиера на ажурираната Серија 3 секако ќе се случи во наредните месеци. Покрај седанот, верзијата Touring исто така ќе добие слични ажурирања за пазарите каде што ќе биде достапна.