Корејците во понудата ќе имаат и специјален модел за ЕУ

Производителот или подбрендот на Hyndai за премиум автомобили Genesis, најави дека ова лето ќе започне со продажба на своите модели во Европа. Првично, тие ќе бидат достапни на само 3 пазари – Велика Британија, Германија и Швајцарија, а за оваа намена компанијата ќе отвори и свои „компаниски студија“ во Лондон, Минхен и Цирих.

Идејата на Корејците е промена во начинот на продажба, која главно треба да се одвива преку Интернет. Интеракцијата со клиентите ќе се заснова на принципот „Доаѓаме кај вас“, а за секој од нив има и „личен асистент“ кој ќе ги одговори сите прашања поврзани со набавката и подоцнежната употреба на автомобилот.

Први на пазарот ќе се појават седанот G80 и кросоверот GV80, во модификации специјално подготвени за европските патишта. По нив ќе следуваат седанот G70 и кросоверот GV70 на кои ќе им се придружи модел развиен специјално за пазарите во ЕУ до крајот на годината. Детали за овој модел сеуште нема, но најверојатно станува збор за караван верзија на G70.

Веќе во својата прва година во Европа, Genesis ветува три електрични автомобили. Првиот е седан – Electrified G80, претставен на салонот во Шангај во април. Другите два модели најверојатно ќе бидат кросовери – GV60 и GV70e, изградени на специјално дизајнирана платформа за автомобили без мотор со внатрешно согорување.