Hyundai Kona е носител на титулата SUV на годината, а RAM 1500 – камионет на годината

Корејската компанија има навистина голема причина за радост и прослава. Два модели на оваа компанија се носители на титулите во две категории –  Северноамерикански автомобил и SUV на годината.

Genesis G70 е носител на титулата Северноамерикански автомобил на годината за 2019 година. Корејскиот седан кој комбинира спортски изглед со луксуз, до титулата стигнал во конкуренција на Hondа Insight и Volvo S60/V60.

Малиот теренец Hyundai Kona, според жирито, титулата ја заслужил во конкуренција на Acurа RDX и Jaguar I-Pace.

На крајот, во омилената категорија на Американците, камионетите, титулата е за RAM 1500. Овој модел до највисокото место на пиедесталот дошол победувајќи ја конкуренцијата – Chevrolet Silveradо 1500 и GMC Sierrа 1500.

Поради бодовната изедначеност, годинава имаше 14 полуфиналисти, а не како што е тоа вообичаено 12. Според правилата на жирито, кога две возила добиваат ист број поени, и двете имаат свое место на листата.

Минатата година, титулата отиде кај Honda Accord, која ги порази Kia Stinger и Toyota Camry. Lincoln Navigator беше најдобар камионет-пикап пред Ford Expedition и Chevrolet Coloradо ZR2. Volvo XC60 беше прогласен за најдобар SUV пред Hondа Odyssey и Alfа Romeo Stelvio.

Жирито е составено од педесет и четири автомобилски новинари. Членовите на жирито се новинари од разни публикации, интернет портали и други медиуми во САД и Канада.