Лионел Меси и остатокот од тимот по повеќе од една деценија верност ќе мора да заборават на „Господарот на прстените“

Audi е спонзор на ФК Барселона повеќе од една деценија, а тоа значеше дека неговите играчи во принцип можеа да одберат кој модел на Audi ќе го возат. 

Ако се прашувате што ќе возат играчите во иднина, одговорот е сосема неочекуван.

Под поимот национален бренд не се мисли на Volkswagen, туку на Seat кој го има овој статус во Шпанија. Поточно, станува збор за Cupra, релативно новиот подбренд на Seat чија гама ја чинат „набилдани“ стандардни Seat модели како што се, засега, Atecа и Leon. Фудбалерите можеби ќе мора да почекаат и на доаѓањето на првиот самостоен модел на Cupra со ознака Formentor.