DS потврди дека од 2025 година ќе нуди исклучиво електрифицирани модели, односно хибридни и електрични автомобили

Францускиот производител веќе може да се пофали со две големи достигнувања. Прво, секој од нивните модели има електрифицирана варијанта, и второ, ова е бренд со најниски емисии на флотно ниво во премиум класата. И тоа не е се… Планот на DS е сите нивни возила пласирани по 2025 година да бидат достапни само во едиции со батерии.

Првата новитет од овој премиум бренд ќе биде претставен многу скоро – на 3 февруари. Станува збор за нова генерација на моделот DS4, од кој навистина се очекува многу. Се разбира, електрификацијата е неизбежна.

Идната итерација на DS4 ќе биде поставена врз EMP2 архитектурата на групацијата PSA, што во превод значи дека нема да има чисто електрично издание, туку хибридно. Така, во понудата ќе биде plug-in хибриден погонски агрегат приклучок, кој се состои од 4-цилиндерски бензинец од 180 КС и еден електромотор од 110 КС. Возачот ќе има на располагање вкупно 225 КС, а автономијата во чисто елетричен режим ќе биде околу 50 километри.