Франција воведува дополнителни давачки кои директно го следат растот на масата на возилото
Во Франција, веќе во претходниот дел од оваа година, имаше зголемување на фискалните давачки кои ја оптоваруваат автомобилската индустрија, а понатамошниот раст е очекуван и ќе зависи од масата на одредено возило.
Најавената мерка несомнено ќе се одрази и на пазарот на електрични автомобили.
„Работна група во рамките на француската влада веќе е ангажирана во подготовката на предлогот кој предвидува воведување казнени давачки поврзани со масата на возилата. Доколку се донесе такво решение, тоа ќе доведе до драстично зголемување на парафискалните давачки поврзани со сопственоста на одреден автомобил. Со други зборови, приходите во буџетот на Франција, врз основа на тоа, би се зголемиле од сегашните 500 милиони евра од 2019 година, на повеќе од 4 милијарди евра“, вели Марк Мортура, извршен директор на PFA (Automotive Platform).
Еден од предлозите на Граѓанската климатска конвенција (Citizen’s Climate Convention), предвидува новата мерка да стапи на сила следната година, со преоден период што ќе им овозможи на државните органи доволно време да го променат системот за регистрација на возилата. Дополнително, покрај оваа нова мерка во најава, има и предлози за заострување на веќе постојните граници за казнено оданочување за недоволно енергетски ефикасни возила.
Најавената фискална насока, која се очекува да ја преземе француската влада по ова прашање, носи и неколку контроверзи. На пример, иако идејата е дестимулирање купувањето на гломазни и претешки автомобили, особено конвенционални, во основа е мерка со која ќе бидат погодени и модели како што се Audi e-tron Sportback или Tesla Model X
Така, споменатиот кросовер на батерии ќе дојде во уште понеповолна позиција во однос на конкурентите. Со цел да се избегне таков епилог, многу е можно експертите кои работат за француските државни власти да одлучат да ја изземат тежината на батерискиот пакет од пресметката за данок при пресметување на дополнителни трошоци врз основа на прекумерна тежина на возилото.