Книгата за нарачки се отвора на крајот од 2020 година, а испораките започнуваат во 2021 година

Четири батериски пакети, 349 КС и полнење на крајот од секоја смена – тоа е Mack LR Electric, американски камион за собирање на смет или електричен камион за смет. Ова возило е опремено и со регенеративни сопирачки затоа што камионите за ѓубре често кочат. Менувачот е двостепен автоматски, а неговата работа е да се грижи за дури 5.492 Nm вртежен момент. Погонот е на задните тркала.

Компанијата Mack, ова возило ќе го произведува зардно со своите други возила во Макунги, Пенсилванија. Книгата за нарачки се отвора на крајот на 2020 година, а испораките започнуваат во 2021 година. Една од предностите на овој камион е тивкото работење, од кое ќе имаат корист не само возачите и екипажот, туку и сите граѓани во чие соседство ќе се движи.