Фотографија што „предизвика искра“ помеѓу Audi и BMW
Audi и BMW повторно „војуваат“ – овојпат на Twitter
Меѓу двата германски производители на премиум автомобили владее долгогодишно големо ривалство, кое често се манифестира преку расправии во областа на маркетингот.
Некогаш средство за овој вид на „комуникација“ беа рекламните паноа,па така и Audi и BMW поставуваа билборди низ целиот свет преку кои се повикуваа едни со други, а со ширењето на социјалните медиуми „дијалогот“ е пренесен на Twitter.
Последната расправа е предизвикана од промо фотографија на моделот М4 на BMW USA на оваа социјална мрежа.
На луѓето во Audi веднаш им паднале во очи светлосните кругови во позадината на синото спортско купе кои ги асоцирале на нивното лого – четири поврзани кругови, па на BMW веднаш му го одговориле:
When you see it… https://t.co/t5C4ejMMBp
— Audi (@Audi) August 21, 2018
Се разбира, од BMW не останале должни, па разговорот продолжил:
„Да, и ние го гледаме тоа, но обично во ретровизорот”, алудирајќи на тоа дека BMW на пат е побрз и Audi го остава зад себе.