Од тимот објавија дека го прекинуваат спонзорството со ROKiT

Работите во моментов воопшто не изгледаат добро за Williams. Од тимот потврдија дека го прекинуваат спонзорството со компанијата ROKiT како и дека сопствениците разгледуваат опција за продавање на одредени акции на оваа компанија. Williams за овој потег објаснува дека тоа е единствениот можен начин да се спаси иднината на тимот.

Членовите на одборот ги разгледуваат сите можни опции. Една од нив е секако нов капитал, односно да се продаде малцински удел во, или ако тоа не е можно, да се продаде целиот тим. Еден од членовите на Управниот одбор на Williams, Мајк О Дрискол вели дека тимот овој пат имал загуба од 14,5 милиони евра. Продажбата на оваа компанија сè уште не е конечна, но сопствениците се заинтересирани за разговори со потенцијални клиенти.