Formula 1: Трката за Големата награда на Мајами од 2020 година!
Договор помеѓу официјалните претставници на FIA и претставниците на Мајами за одржување на трката во тој град следната сезона сеуште не е постигнат, па затоа е одлучено оваа трка да биде одложена за 2020 година
Еден од најголемите проблеми поради кој не е постигнат договор, е противењето на локалното население за одржување на трката во нивниот град, што ги принудило властите да одржат состанок со нив. Средбата требало да се одржи оваа недела, но на крајот е одложена за септември.
Друг проблем е одредувањето на локацијата за трката. Имено, Formula 1 за потребите на трката сака да ја искористи областа околу Bayfront Park и околу музејот, како и делот околу марината. Меѓутоа, ако барањата за овие области бидат отфрлени, можно е трката воопшто и да не се одржи, барем додека не се најде соодветни, престижни алтернативи.
Комерцијалниот директор на „најбрзиот циркус во светот“, Шон Брачес, вели дека во изминативе месеци имало напорни преговори со властите на градот Мајами, претставници на граѓаните и други луѓе, но дека целата работа е мошне сложена. Тој додава дека е постигнат напредок, но ништо не е сигурно.
Ако се оди според планот, и трката за Големата награда на Мајами навистина се одржи во 2020 година, таа ќе стане втора трка која ќе се вози во САД по трката за Големата награда на Тексас.