Прелиминарниот календар за 2022 година беше објавен минатиот викенд, а организаторите на трката во Мајами сега потврдија кога ќе се одржи нивната трка.

ГН на Мајами дефинитивно ќе се вози следната сезона од 6 до 8 мај. Ова е официјално потврдено од организаторите на трката.

„Работевме напорно на дизајнот на патеката, кој ќе обезбеди добри трки и нешто ново за фановите. Среќни сме што можеме да го потврдиме датумот за луѓето да почнат да го планираат викендот“, вели организаторот на трката Тим Гарфинкел.

Директорот на трката Ричард Креган понуди некои детали за процесот на изградба на патеката. Според него, асфалтот е завршен, но има уште многу работа: 

„Не се сомневам дека Formula 1 и фановите ширум светот ќе бидат изненадени од она што ќе го видат во мај“. Изградбата на патеката оди според планот и сега кога го знаеме точниот датум на трката, можеме се убаво да испланираме“.

 

„Мислам дека оваа патека ќе се издвои од другите во календарот. Тука веќе се одржуваат големи спортски настани како Superbowl или Miami Open. Затоа се радуваме што ќе имаме уште една сосема нова спортска арена“.