Себастијан Фетел е победник на возбудливата трка за Големата награда на Бахреин, откако голем дел од трката извозе на меки гуми и со тактика од едно влегување во бокс ги надмудри возачите на Mercedes кои беа на медиум гуми

Пилотот на Ferrari, Себастијан Фетел беше првиот од водечките кој влезе во бокс и супермеките ги замени со меки гуми, додека неговите конкуренти од Mercedes се вратија на медиум гуми.

Иако се чинеше дека Фетел и Ferrari ќе мораат да одработат уште еден бокс, Германецот со брилијантно возење одлично ги сочува гуми за да го задржи налетот на Ботас во завршницата од трката.

Хамилтон веќе на стартот од деветтото место се проби на третото, а Раиконен се откажа од трката по 35 круга поради тоа што тргна од боксот пред да биде отстрането задното лево тркало од неговиот болид и притоа повреди еден од механичарите.

Катастрофална трка и за тимот на Red Bull кој веќе по првите три круга од трката остана без двата болида – Рикардо се откажа поради проблеми со електрониката, а Verstapen поради проблеми со диференцијалот, откако возеше без гума по контактот со болидот на Хамилтон.

Една од ѕвездите на трката во Бахреин е Пјер Гасли од Toro Rosso Honda кој трката ја завршна на фантастичното четврто место со 55,7 секунди задоцнување зад третопласираниот Луис Хамилтон и 12,8 секунди пред Магнусен од Haas на петтата позиција. На шестото место заврши Хулкенберг од Renault

Фернандо Алонсо од 13-то веќе на стартот се проби до деветото место, но поради бројните проблеми заврши седми, пред неговиот тимски колега Вандорн. McLaren по првите две трки e на третото место во шампионатот на конструктори.

Ериксон со освоеното девето место ги освои првите бодови за тимот на Alfa Romeo Sauber по трката за Големата награда на Италија во 2015 година.

Последниот бод од ГН на Бахреин е за Окоњ од Force India,што е првиот бод за тимот оваа сезона.

2018 Bahrain Grand Prix: Резултати\

Трката не ја завршија само Раиконен (Ferrari), Рикардо и Верстапен (Red Bull).

Изјави по трката:

Себастијан Фетел

Пјер Гасли

2018 Bahrain Grand Prix: Race Highlights

Следната трка се вози веќе за седум дена за ГН на Кина.