Formula 1: Серхио Перез победник на хаотичната трка за ГН на Сакир! / ФОТО+ВИДЕО
Серхио Перез од очај до својата прва победа во кариерата додека Mercedes се бламираше
Серхио Перез ја оствари првата победа за тимот на Racing Point во хаотичната трка за ГН на Сакир – трка во која видовме нетипични грешки во боксот на Mercedes во моментите кога сите ја видоа и очекуваа првата победа на Џорџ Расел кој со одлично возење беше побрз од Валтери Ботас и достојно го замени Луис Хамилтон. „Подароците“ од другите тимови и возачи умешно ги искористија и Естебан Окон од Renault кој на целта стигна како втор и со тоа стигна до својот прв подиум во кариерата, како и вториот возач на Racing Point, Ленс Строл кој во финишот успеа да го задржи третото место од налетите на Саинц од тимот на McLaren.
⚡️ The world reacts to @SChecoPerez's brilliant maiden victory#SakhirGP ?? #F1 https://t.co/IQJtrwBmxr
— Formula 1 (@F1) December 7, 2020
Даниел Рикиардо (Renault) заврши на петтото место, а Алекс Албон (Red Bull) се најде на шестата позиција на крајот од трката. Даниел Квјат на AlphaTauri му го донесе седмото место, Валтери Ботас (Mercedes) по сите пехови успеа да стигне до четири бода како осми, а листата на освојувачи на бодови ја заокружија несреќниот Џорџ Расел (Mercedes) и Ландо Норис (McLaren).
Успехот на Серхио Перез е до толку поголем ако се знае дека на крајот од првиот круг беше само на 18-та позиција, по контактот со Чарлс Леклерк од Ferrari. Мексиканскиот возач направи голем пробив во круговите што следуваа, а благодарение на одличното возење, но и среќата поради периодот на безбедносното возило на патеката, апсолутно заслужено стигна до првото место. Кон ова треба да се акцентира и низата од глупави потези направени од страна на Мercedes, кој во свои „раце“ имаше двоен триумф се до моментот кога безбедносно возило по втор пат излезе на патеката.
Британецот Џорџ Расел, замената за позитивниот на Covid-19 Луис Хамилтон, имаше сигурно водство пред Валтери Ботас, но кога тимот го повика на замена на гумите, му беа поставени погрешни пневматици. Поради тоа, тој мораше повторно да влезе во бокс, што доведе до пад на петтата позиција. Но тоа и не беше крај на маките за Расел, затоа што и покрај тоа што фуриозно се проби до втората позиција и му се приближи на Перез, тој повторно мораше во бокс, овој пат поради пукната гума. Овој пат тоа значеше и голем губиток на позиции, но сепак се врати и повторно со одлично возење успеа да заврши како деветти. Грешката со гумите која ја направија со гумите беше под истрага од страна на стјуардите, за по трката да биде соопштено дека тимот на Mercedes е казнет со 20.000 евра.
What a move this was by @GeorgeRussell63!
He needed speed, poise and bravery to make it stick, and he did! ?#SakhirGP ?? #F1 @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/HL9cvkNbOf
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020
Жртва на хаосот во боксот на Mercedes беше и Валтери Ботас, кого механичарите го задржаа 25 секунди подолго за време на втората замена, а потоа повторно го повикаа и му ги вратија гумите што претходно му ги извадија. Финецот беше најблиску до Расел до тој момент, но на крајот, по сите пехови и истрошените гуми не можеше да оствари ништо повеќе од осмата позиција.
Грешките на Mercedes максимално ги искористија Racing Point и Серхио Перез кој ја извозе трката на кариерата. Воедно тој ја оствари првата победа за еден мексикански возач по цели 50 години.
Трката ја одбележаа и неколку инциденти, а најголемиот се случи во првиот круг. Леклер го закачи Перез, а во обид да избегне контакт со нив, Макс Ферстапен, остана без простор за маневрирање и удри во заштитната ограда. Леклер „паркираше“ до него, а тоа значеше крај на трката и за двајцата возачи. Перес и покрај извртувањето по ударот од Леклерк успеа да се врати во трката и на крај да го оствари тоа што го оствари.
Трката уште два пати беше „прекинувана. Првиот пат затоа што возачот на Williams, Никола Латифи заврши покрај патеката, а тоа го активираше виртуелното безбедносно возило, а нешто подоцна и кога неговиот тимски колега, замената за Расел, Џејк Ејткен остана без предно крило буквално пред стартно целната рамнина. Се чини дека токму овој инцидент доведе до конечниот исход на трката – онаков како што беше.
Шампионат во Formula 1 завршува следниот викенд со трката за ГН на Абу Даби, за која сеуште е неизвесен настапот на Луис Хамилтон. Но, тоа може да значи и нова шанса за Џорџ Расел за прва победа или подиум во неговата F1 кариера.
Резултати:
2020 Sakhir Grand Prix: Race Highlights:
2020 Sakhir Grand Prix: Post-Race Show
Реакции и изјави по трката:
Checo will never forget this day – and you shouldn't, either!
Sit back, relax and relive a race for the ages. Enjoy! ??#SakhirGP ?? #F1
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020
Who's chopping onions? ?#SakhirGP ?? #F1 @SChecoPerez pic.twitter.com/6zbCAW6Cfn
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020
Fantastic, @OconEsteban! That first podium feels pretty good, right?! ?#SakhirGP ?? #F1 @RenaultF1Team pic.twitter.com/REd3uwfQdg
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020
George Russell's reaction after his debut race for @MercedesAMGF1 ends in disappointment#SakhirGP ?? #F1 pic.twitter.com/NXE9dCuqiA
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020