Болидот R.S.18 на тимот на Renault е нивниот трет болид откако се вратија во Formula 1 во 2016 година. Базиран е на моделот за 2017 година, но R.S.18 има подобра суспензија и поголема аеродинамика, што резултира со поголем downforce

Од другите модификации, тука е новиот систем за заштита на кокпитот, рестилизираниот капак на моторот и V6 агрегатот со волумен од 1.6 литри. Оваа година, тимовите ќе можат да користат само три агрегати, а сезоната се состои од 21-на трка.

Естетски, R.S.18 изгледа многу подинамично, а мешавината на црна и жолта боја создава силен контраст. Кога се гледа од предната страна, болидот изгледа речиси целосно жолто, па сепак, кога се гледа од страна, изгледа речиси сосема црно.

Првиот возач на тимот, триесет годишниот Нико Хулкенберг, вели дека едвај чека да седне зад воланот. Тој вели дека неговиот тим е во добра позиција, бидејќи и минатата година имале одлична платформа која сега требало само да се надгради.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1kasYV-fnWQh__BAV4kM2FrY5Ve0q3rBI” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот тимски колега на Хулкенберг е Карлос Саинц кој со болидот треба да се запознае за време на тестирањето во Барселона, закажано за периодот од 26 февруари до 1 март.