Formula 1: Продолжение на доминацијата на Mercedes!
Нова доминантна победа на Хамилтон, петта по ред еден-два победа за Mercedes
Don't drop him!
What a way for Mercedes-Benz boss Dieter Zetsche to bow out ?#SpanishGP ?? pic.twitter.com/pQiE63AxVZ
— Formula 1 (@F1) May 12, 2019
Во тркa која се до 20-круга до крајот не ветуваше никаква возбуда, победата доминантно ја однесе Луис Хамилтон пред неговиот тимски колега Валтери Ботас, кој пак доминантно во саботата ја освои пол-позицијата. Ова беше петта последователна победа за тимот на Mercedes (три Хамилтон, две Ботас), низа која се чини засега не и се гледа крајот. Хамилтон освен 25-те бодови за првото место, на своето конто го прокнижи и дополнителниот бод за најбрз круг во трката.
Одлична трка и за Макс Верстапен во Red Bull, кој уште на стартот одлично се снајде во гужвата на патеката, се проби до третата позиција и ја задржа до крајот на трката.
Нова трка од сезоната која ни покажа дека Ferrari сеуште со перформансите на болидите е далеку зад Mercedes. Себастијан Фетел заврши на четвртото место, a Чарлс Леклерк како да има резервација за петтото место (по четврти пат во тековната сезона). Осамен на шестото место, трката ја заврши Пјер Гасли од Red Bull.
Како што веќе напоменавме, до последните дваесет кругови, ништо не ветуваше дека ќе се случи нешто интересно во трката. Тогаш, во 46-от круг, доаѓа до судир на Ландо Норис од McLaren и Ленс Строл од Racing Point, a резултат на тоа е безбедносното возило на патеката.
An early end to the #SpanishGP for Lando Norris and Lance Stroll as they come together dramatically on Lap 46 ? ?#F1 ?? pic.twitter.com/UdADzXYpqg
— Formula 1 (@F1) May 12, 2019
По рестартот, се чини дека најинтересниот дел беше двобојот помеѓу возачите на Haas. Ромен Грожан, двапати имаше контакт со својот колега Кевин Магнусен, кој на крајот заврши на шестото место, а поради агресивно возење, Грожан загуби две позиции и трката ја заврши на десеттото место, за прв бод во тековната сезона.
На осмото и деветтото место помеѓу двата болида на Haas завршија Карлос Саинз (McLaren) и Даниел Квјат (Toro Rosso). Ако за Ferrari забелешката е дека сеуште е далеку од Mercedes, тогаш за Williams може да се каже дека е далеку од сите останати тимови. Трката во Барселона е прва сезонска трка во која Кими Раиконен и Alfa Romeo останаа без бодови.
2019 Spanish Grand Prix: Резултати
2019 Spanish Grand Prix: Race Highlights
2019 Spanish Grand Prix: Изјави по трката
Луис Хамилтон
„Тоа шго го правиме со еден-два победите е историски. Денес успеав да се извадам за слабото темпо во квалификациите“, изјави по трката Хамилтон. „Вчера беш како кошмар, но денешното темпо беше прилично добро. Уживав во трката и среќен сум за овој резултат. Имав проблеми со балансот пред трката, па затоа морав да направам некои промени, дури и такви кои се однесуваа на мојот стил на возење што на крајот и се исплатеше“.
Валтери Ботас
„На стартот квачилото се однесуваше многу чудно. Никогаш не сум имал слична ситуација, па можам да кажам дека тука загубив“, Ботас смирено изјави по трката и покрај поразот од неговиот тимски колега. „Навистина сум среќен поради тимот, одличниот влез во сезоната и освојувањето на многу бодови.
Следната трка од шампионатот е градската трка во Монако за две недели (26 мај).