Макс Верстапен казнет со три позиции за ГН на Мексико!

По сослушувањето кај судиите, решено е дека Макс Верстапен ќе добие казна од три позиции на стартниот грид за „игнорирање“ на жолтите знамиња во последниот сектор од патеката за време на третата квалификациска сесија.

Правилата на возачите јасно им налагаат дека мора да забават во случај на жолто знаме, без разлика дали се во брз круг во квалификациите. Во интервју по трката, Холанѓанецот отворено призна дека не забавил кога е покажано жолтото знаме во последниот сектор на патеката во Мексико Сити.

„Бев свесен дека Валтери имаше инцидент. Не изгледаше баш дека забавив, не“, изјави тој на прес-конференција.

Како и во некои претходни случаи, судиите решија да го казнат возачот со казна од три позиции на стартниот грид, поради што Макс ќе стартува од четвртата позиција на трката за ГП на Мексико.

Конечен редослед на стартот