Трета трка од шампионатот, трета победа за Mercedes, втора за Хамилтон

Хунгароринг во знакот на Mercedes, oткако победата ја однесе Луис Хамилтон, пред возачот на Red Bull, Макс Ферстапен и тимскиот колега Валтери Ботас.

Макс имаше проблем пред почетокот на трката кога се излизга и го оштети болидот, но сите 70 круга ги извозе многу добро и заслужено се најде на победничкиот пиедестал.

Трката започна возбудливо. Валтери Ботас погреши, прерано тргна па застана за момент што го чинеше неколку позиции, а веројатно и поради тоа не беше казнет иако беше под истрага

Макс Ферстапен започна одлично, како и двајцата возачи на Ferrari, додека возачите на Haas веднаш отидоа на замена на гумите и наместо гуми за влажна подлога поради сеуште мократа патека ставија гуми за сува подлога. Тактиката се покажа добра, бидејќи во еден момент возачите на Haas ги држеа позициите 3 и 4. Имаше најава за нов дожд, но до крајот на трката тоа не се случи, а возачите кои брзо по стартот ги заменија гумите за влажна подлога со гуми за сува подлога останаа со нив до крајот.

За разлика од претходните трки, се случи само едно откажување. Пјер Гасли, поради проблеми со болидот.

Како што веќе напоменавме, Албон брилијантно ја извозе целата трка. Стартуваше од 13-та позиција, на крајот заврши на шестата, поминувајќи многу возачи, меѓу другите и двајцата возачи на Ferrari. Добра трка и бодови конечно и за Даниел Рикиардо.

Возачот на Mclaren, Карлос Саинз, на крајот успеа да ги помине Чарлс Леклерк и Кевин Магнусен во битката за распределба на последните бодови, додека неговиот колега Ландо Норис остана so „празни раце“ по двата брилијантни викенди зад нас.

Валтери Ботас имаше дури шест најбрзи круга во трката, но на крајот Луис Хамилтон беше тој го зеде бодот за најбрз круг. Ја искористи временската предност пред останатите, влезе во боксот по меки гуми по што го постави најбрзото време на патеката.

Победата на Луис Хамилтон беше доминантна и апсолутно заслужена, а со неа собори уште еден рекорд на Михаел Шумахер, овој пат по број на победи (осма) на една патека.

Ферстапен беше втор и ја заработи наградата „возач на денот“, додека на подиумот се искачи и Валтери Ботас. Освојувачи на бодови беа и Строл, Албон, Фетел, Перез, Рикиардо, Магнусен и Саинц.

2020 Hungarian Grand Prix: Race Highlights

Следните две трки од шампионатот се возат на патеката Силверстон во Велика Британија, на 31 јули и 9 август.