
Formula 1: Официјално потврдени сите трки до крајот на сезоната!
Formula 1 го објави конечниот календар за сезоната 2020, во кој ќе бидат вклучени 17 трки, а последни додадени трки се оние во Турција, две трки во Бахреин и крајот на сезоната како и обично во Абу Даби
Турското ГП ќе се вози од 13-ти до 15-ти октомври на патеката во Истанбулскиот парк, а две недели подоцна Formula 1 карванот ќе се пресели на Блискиот исток каде ќе се возат две трки во Бахреин, а потоа и последната трка во сезоната на Јас Марина во Абу Даби. Трките на Блискиот исток ќе се возат три викенда по ред, без одмор.
Дефинитивно е откажана и трката во Кина.
„Можеме да ги потврдиме трките во Турција, во Бахреин (две) и Абу Даби кои ќе бидат дел од новиот модифициран календар за 2020 година. Им благодариме на сите, од промоторите до партнерите, кои ни овозможија да го добиеме овој календар од 17 трки. За жал, Кина нема да биде дел од овој календар. Им благодариме на сите за нивната поддршка и напори и со нетрпение ја очекуваме трката следната година“,се вели во официјалното соопштение и се додава: „Исто така, можеме да потврдиме дека некои трки ќе бидат делумно отворени и за фановите. Работиме на деталите со промотерите и наскоро ќе постигнеме договор “, стои на крајот од официјалното соопштение.