Меѓу нив има се „воени трофеи“ оставени во шума, како и советски „Волги“, оставени во Саудиска Арабија

Во последните месеци, некако се навикнавме на глетки кои покажуваат илјадници „нови“ автомобили оставени да пропаѓаат во различни делови на светот. Причините се различни, но најчесто тоа се должи на огромното производство, кое не може да се реализира, особено во услови на мерките против Ковид-19.

Сепак, ширум светот има многу места со напуштени стари автомобили, од кои некои предизвикуваат забуна. Еве шест такви примери на мистериозни автомобилски гробишта лоцирани на неколку континенти.

„Волги“ и „Москвичи“ во пустината близу Мека

Неколку десетици советски седани од типот ГАЗ-21 и Москвич, од кои повеќето немаат мотори, се најновото откритие од страна на тргачите по „автомобилско богатство“. Најчудно е што тие се пронајдени во близина на Мека (Саудиска Арабија) и сите автомобили се со иста светло сина боја на каросеријата.

Кој и зошто ги оставил таму автомобилите останува мистерија. Изнендување е самиот факт дека советските автомобили завршиле во Мека, бидејќи од 1938 до 1991 година СССР не одржуваше дипломатски или трговски односи со Саудиска Арабија.

Можно е автомобилите да се донесени на Арапскиот Полуостров од автомобилски ентузијасти. Заедно со советските автомобили, има и неколку класични американски седани од 1950-тите, како и прилично редкиот BMW 1600.

Уникатни тјунери во близина на Токио

Необични гробишта за автомобили има на еден час возење јужно од Токио, откриени од двајца автомобилски новинари од Велика Британија. Повеќе од 200 автомобили со различна година на производство се едноставно фрлени таму, а многу од нив се тјунирани.

Според луѓето кои ги откриле машините, тие се донатори за тјунинг проекти, кои едноставно се заборавени од нивните сопственици. Не сите се уникатни, но има и многу ретки: Alpina B7 Turbo S и Alpina 635CSI, класичен BMW 635CSI, уникатен Land Rover TD5 Defender, како и Toyota Trueno GT-Z, Chevrolet Corvette C3, BMW A9, па дури и Citroen AX GT.

Ретки Alfa Romeo примероци во замок близу Брисел

Огромниот замок од црвени цигли во близина на белгиската престолнина му припаѓа на локален милионер, кој заминал во Соединетите држави пред повеќе од 4 децении и одлучил да не се врати во својата татковина. Зградата е затворена скоро половина век, сè додека не истекло правото на сопственост, по што надлежните го отвориле.

Покрај скапиот мебел, откриени се и десетици примероци од најретките модели на Alfa Rоmeo, произведени во средината на минатиот век. Иако не биле под отворено небо, поради ниските температури во просториите, автомобилите се наоѓаат во ужасна состојба. Сепак, неколку музеи се подготвени да ги купат и да ги реставрираат.

Old Car City под Атланта

Old Car City се најголемите гробишта за автомобилска технологија во светот, бидејќи се појавиле како резултат на семеен бизнис. Уште во 70-тите години на минатиот век, сопственикот на стара продавница за резервни делови одлучил дека автомобилите од кои тој отстранувал делови и опрема заслужуваат различна судбина. Почнал да ги купува и да ги чува на огромна парцела на 50 милји од Атланта (Џорџија, САД).

За 20 години, собрани се повеќе од 4500 автомобили на 14 хектари, од кои повеќето се произведени пред 1972 година. На нив не е извршена санација, бидејќи тие се фрлени под отворено небо и под некои од нив дури никнале грмушки и дрвја.

Кога сопственикот починал, чудната колекција ја наследил неговиот син. Тој одлучи дека може да заработи пари од тоа и го претворил овој простор во автомобилски „музеј на отворено“. Влезот чини 25 долари и што е поинтересно – посетителите има.

Отфрлени суперавтомобили во Дубаи

Постојат неколку гробишта на отфрлени автомобили околу Дубаи, а сите ги обединува едно нешто – нови и луксузни машини. Во основата на ова е фактот дека многу странци, навикнати да живеат и трошат на „големо“, често банкротираат или ги кршат законите на исламот, по што треба да избегаат од регионот. Тие го напуштаат целиот свој имот, вклучително и луксузните автомобили.

Потоа специјална служба ги собира автомобилите од целиот емират и ги чува на огромни простори во пустината. Овие места се полни е со модели од Bentley, Ferrari, Lamborghini, Rolls-Royce… Некои од нив се odземени од надлежните за да се покријат барем дел од долговите на нивните поранешни сопственици, но има и такви кои со години ги чекаат своите нови сопственици.

Метеж од „олдтајмери“ кај Чатилон

За разлика од замокот во близина на Брисел и ретките Alfa Romeo примероци, откриени на почетокот од годината, овие гробишта на територијата на белгискиот град Чатилон се познати одамна. Овде десетици машини пропаѓаат со децении, а причината зошто се таму не е позната.

Според една од легендите, станува збор за „војни трофеи“ на американските војници од втората светска војна. Тие по војната сакале да ги изнесат од Белгија, но очигледно не успеале. Едно време бројот на овие автомобили бил над 500, но сега нивниот број не е повеќе од 150.