Потврдени се датумите за предсезонски тестирања за 2022 година

Станува збор за тридневно возење во Шпанија и исто толку во Бахреин пред првата трка од шампионатот. Тоа значи вкупно две сесии.

Барселона: 23-25 февруари

Првото излегување ќе биде малку „поприватно“, дозволувајќи им на тимовите да ги возат своите сосема нови болиди за прв пат оваа сезона.

Од Барселона нема да има пренос во живо или тајминг во живо, но ќе има класичен извештај за најдобрите времиња по круг на крајот од секој ден.

Бахреин: 10-12 март

Официјалниот предсезонски тест ќе се одржи во Бахреин од 10 до 12 март, пред Големата награда на Бахреин за време на викендот од 18 до 20 март. Ќе бидат присутни и фановите, а ќе има и директен ТВ пренос со времиња по круг.