По трите слободни тренинзи кои се одржаа во приближно исти услови во кои ќе се одржи и трката, се чини дека најблиску до победата е тимот на Ferrari

Бахреин е Кралство од само 765 квадратни километри на 33 острови, сместено во Персискиот Залив помеѓу Саудиска Арабија и Катар, воедно трета најмала земја во Азија, по Малдиви и Сингапур. Познат по своите природни ресурси, а во последно време и по банкарскиот и туристичкиот сектор.

ГН на Бахреин во календарот на Светското првенство во Формула 1 е од 2004 година, а Михаел Шумахер и Ferrari беа првите победници. Од тогаш се извозени 14 трки, со една година прекин (2001 година) поради политичките превирања и протести.

Оваа трка секогаш се закажува во првиот дел од сезоната, а најчесто била позиционирана како трета или четврта во сезоната. Два пати го отворала шампионатот, а оваа година ќе биде по трет пат како втора сезонска трка. Најмногу победи има Себастијан Фетел, вкупно четири, по две со Red Bull и Ferrari. Себастијан Фетел е победник на последните две трки, во 2017 и 2018 година.

Победата во 2004 година е единствената за Шумахер. По една победа имаат и Џенсон Батон (2009)  и Нико Розберг (2016). По две победи имаат Фелипе Маса (2007 и 2008) и Луис Хамилтон (2014 и 2015), а три пати на највисокото место на пиедесталот се искачувал Фернандо Алонсо (со Renault 2005-2006 и со Ferrari во 2010 година). Според бројот на пиедестали, рекордер е Кими Раиконен (8), но никогаш не победил. Ferrari е најуспешен конструктор во Бахреин со шест победи.

Еден круг на патеката во Бахреин е долг 5.412 метри, а има 15 кривини. Се вози во насока на стрелките на часовникот, а се разбира, ова е ноќна трка. Оваа година, возачите имаат три DRS зони, што значи најмалку три добри позиции за претекнување.

Што се однесува до изборот на гуми, за првпат оваа година ќе ја видиме најтврдата компонента C1, а возачите ги избраа следниве компоненти.

Важно е да се истакне дека возачите треба да бидат внимателни во однос на трошењето на задните гуми, а за трката може да се очекуваат стратегии со едно или две влегувања во боксот. Бидејќи трката започнува на самрак, температурите значително се намалуваат па ова може да има влијание врз стратегијата на возачите и тимовите.

По трите слободни тренинзи кои се одржаа во приближно исти услови во кои ќе се одржи и трката, се чини дека најблиску до победата е тимот на Ferrari.

Термини:

Сабота, 30 март
Квалификации 16: 00-17: 00 часот
Недела, 31 март
Трка: 17:10 часот