Најбрзиот круг на квалификациите за утрешната ГН на Бахреин го извозе Чарлс Леклерк во болидот на Ferrari

Чарлс Леклерк го извози најбрзиот квалификациски круг во Бахреин (1: 27,866) со кој стигна до првата пол позиција во својата кариера. Воедно Леклерк е вториот најмлад освојувач на пол позиција во историјата на Formula 1.

Првиот стартен ред го дополни неговиот тимски колега Себастијан Фетел за продочжување на традицијата која трае од 2016 година (двајца возачи од ист тим да стартуваат од првите две позиции), а зад нив квалификациите ги завршија двајцата возачи на Mercedes – Луис Хамилтон и Валтери Ботас. Макс Верстапен за заокружи најдобрата петорка.

Непријатно изненадување на квалификациите беше Нико Хулкенберг од Renault. На сите слободни тренинзи овој викенд беше многу брз, но квалификациите ги заврши уште во првиот дел и ќе стартува како 17-ти. Даниел Рикардо во Renault и Пјер Гасли од Red Bull квалификациите ги завршија во втората сесија и повторно не успеаја да се најдат помеѓу најдобрите десет.

Стартот на трката е закажан за утре во 17:10 часот по македонско време.