Пред домашната публика на Силверстоун, Луис Хамилтон славеше пред тимскиот колега Валтери Ботас. Од голема помош за да стигне до нова победа во шампионатот беше возилото за безбедноснот во 20-от круг од трката, кога Британецот доби „бесплатно“ застанување во боксот

Трет на крајот заврши Чарлс Леклерк, кој по интересна битка во текот на целата трка зад себе го остави двоецот на Red Bull – Пјер Гасли како четврти и Макс Верстапен како петти. Најдраматичниот дел од трката сепак се случи во 37-от круг кога Фетел направи грешка во тој момент во битката за третото место и се заби во задниот крај на болидот на Верстапен.

На шестото место заврши Карлос Саинц кој водеше битка со Даниел Рикардо до крајот на трката. Кими Раиконен заврши на осмото место, а во бодови завршија уште Данил Квјат и Нико Хулкенберг, кој во последниот круг успеа да го престигне Алекс Албон.

Почетокот на трката помина без големи промени во однос на стартниот грид. Процедурата на стартот ја изведе Џастин Вајтинг, син на починатиот Чарли Вајтинг. Ботас успеа да ги издржи нападите на Хамилтон кој разбирливо ја имаше подршката од домашната публика. Младиот Британец од McLaren, Ландо Норис, успеа да го земе седмото место од Рикардо, а Фетел без потешкотии го презеде петтото место од Гасли.

Двоецот на Mercedes уште во рана фаза од трката се одвои од Леклерк, но борбата за првата позиција сеиуште беше отворена. Нешто подоле во поредокот и двата болида на Haas мораа во бокс поради контакт во првиот круг. Следи неверојатна битка помеѓу Ботас и Хамилтон. Во еден момент Хамилтон со помош на DRS го поминува Ботас, но Финецот веднаш го возвраќа ударот.

Во 13-от круг, Гасли влегува во бокс, во обид на тој начин да го престигне Себастијан Фетел. Круг подоцна во бокс заедно влегуваат Леклерк и Верстапен, а од него излегуваат тркало до тркало за Верстапен да излезе како победник.

На почетокот од 17-от круг во бокс по нов сет на гуми заминува водечкиот во тој момент Валтери Ботас. На патеката се враќа на третото место зад Фетел и тимскиот колега Хамилтон, кои сеуште не беше влезен во бокс. Во исто време, Леклерк и Верстапен продолжуваат да ја забавуваат публиката со одлична борба за во тој момент четвртото место. 

Норис и Албон се под истрага поради мал инцидент во боксовите, но набрзо судиите објавуваат дека нема да има последици по возачите. Во 21-от круг судиите го вадат безбедносното возило поради Џовинаци кој завршува во песокот. Хамилтон и Фетел се на вистинското место во вистинско време и одат во бокс. Актуелниот шампион на патеката се враќа како лидер, додека Германецот е трети пред Леклерк и Верстапен, кој, малку изненадувачки, исто така оди на бокс. Безбедносното возило е од корист и за Саинц кој стигнува до седмото место.

На крајот на 23-от круг безбедносното возило се повлекува од патеката и трката добива нов летечки старт. Верстапен со свежи гуми го престигнува Леклерк. Неколку свиоци подоцна ја враќа позицијата, но на кратко. Верстапен повторно е пред него и целосно ја презема контролата над ситуацијата. 

По интересните 20 кругови и безбедносното возило се чини дека квалитетот на трката паѓа. Вестерпен брзо наоѓа начин да го стигне и престигне Гасли за четвртото место, за да наредните кругови видиме битка за позиција помеѓу Фетел и Верстапен, односно Гасли и Леклерк. Во 36-от круг со одличен маневар, Леклерк го поминва Гасли.

И тогаш доаѓа 37-от круг и големиот инцидент! Верстапен го престигнува Фетел за да овој потоа во следниот свиок неконтролирано се забие во задниот крај од болидот на Холанѓанецот. И двајцата излетуваат од патеката, но подебелиот крај го влече Германецот. Тој паѓа на 15 место пред да замине во боксот по промена на „носот“, а Верстапен, среќа во несреќа, губи само две места и се враќа на патеката како петти зад Леклерк и Гасли. Се разбира, возачите се под истрага.

Набрзо следи одлуката и Германецот е казнет со десет секунди. Сепак тоа за трката и Фетел нема никакво значење, бидејќи неговата трка веќе и онака е уништена. Нешто пониско во поредокот, поточно во битката за шестото место, Карлос Саинз ги изржува нападите на Даниел Рикардо. 

Хамилтон во два последователни круга ги игнорира повиците од боксот, но не и Ботас. Финецот се враќа на патеката со користени меки гуми со три секунди предност пред Леклерк. Во 47. круг, Хамилтон по трет пат ги игнорира повиците од бокс, додека Ботас истовремено поставува нов рекорд. Албон го губи 10-то место од Хулкенберг, а Хамилтон слави пред Ботас и ја подигнува својата предност во шампионатот за возачи на високи 37 бодови.

2019 British Grand Prix: Резултати

2019 British Grand Prix: Race Highlights

Следната трка од шампионатот се вози за ГН на Германија на 28 јули.