Formula 1: Конечно старт на новата сезона и прва победа на Валтери Ботас / ФОТО+ВИДЕО
Хаотична и возбудлива трка во Австрија – девет повлекувања, три излегувања на безбедносното возило, два казни од пет секунди за Луис Хамилтон и Серхио Перез
Ако во една реченица може да се опише првата сезонска трка од F1 шампионатот, тоа е тоа. На крајот, двете казни беа пресудни за крајниот поредок на трката и пополнување на победничкиот пиедестал – недопирливиот Ботас во текот на целата трка на крајот на подиумот беше придружен од Чарлс Леклерк од Ferrari и Ландо Норис од McLaren.
Пред трката, улогата на фаворит тешко дека можеше да ја има некој освен возачите на Mercedes. На сите слободни тренинзи и квалификациите, тие беа на прво и на второто место, но непосредно пред почетокот, нивната доминација беше нарушена. Имено, откако Red Bull поднесе жалба, судиите го казнија Луис Хамилтон за непочитување на жолтите знамиња за време на последната рунда од квалификациите.
Во саботата навечер, судиите одлучија дека казна не е неопходна, но Британецот дополнително е спуштен од второто на петтото место, а профитираа Макс Верстапен, Ландо Норис и Александар Албон. Реално, преседан кој досега не се памети односно стартниот грид да се менува на помалку од еден час пред почетокот на трката, но судиите ја оправдаа својата одлука со разгледување на дополнителни докази кои ги немале во саботата навечер.
Конечно, во 15.10 часот на Red Bull Ring, се запалија светлата за старт на сезоната во Formula 1, која на крајот на денот сеуште не е целосно дефинирана – односно сеуште е непознато колку вкупно трки ќе се возат.
Да се вратиме на самата трка. Трката започна силно но без престигнувања по стартно целната рамнина. Со овозможувањето на DRS системот, Ландо Норис од McLaren изгуби две места, а во 6-от круг, Валтери Ботас го поставува најбрзиот круг на трката.
Александар Албон од Red Bull возеше многу добро, а намерата беше многу јасна – да се задржи Хамилтон подалеку од неговиот тимски колега Ферстапен и водечкиот Валтери Ботас. Сепак, Хамилтон е побрз и во 10-от круг го минува Албон.
И кога се очекуваше голема борба меѓу Ферстапен и Хамилтон, Холанѓанецот има проблеми со болидот, толку големи што за него трката беше завршена.
Од тој момент, двата болди на Mercedes доминираат на патеката, а Ботас и Хамилтон се менуваат со најбрзите кругови. Во 17-от круг ново откажување – Поради механички дефект без пласман останува Даниел Рикардо, а по неколку круга и Ленс Строл.
Само неколку круга подоцна, Ленс Строл се откажа откако леташе надвор од патеката, по неколку круга без никакви проблеми, Естебан Окон го нападна Кевин Магнусен, неговите сопирачки не успеаја и ние го имаме првиот „Безбеден автомобил“.
Хамилтон почна да вози многу побрзо и почна сериозно да ја намалува предноста на Ботас која до 25-от круг падна на само три секунди. Следи првото безбедносно возило на патеката по инцидентот во кој учествуваат Окон и Магнусен. Данецот беше во борба со Окон, но во кривината број три, попуштија сопирачките на болидот на Haas и тој излета од патеката.
Безбедносното возило го искористија скоро сите за да го посетат боксот за замена на гумите. Хамилтон и Ботас тоа го прават беспрекорно, а ги следат Албон, Норис, Перез, Леклерк, Саинц и Фетел.
Трката продолжи во 31-от круг, а при сопирањето во кривината број 3, повторно контакт, овој пат меѓу Саинц и Фетел. Германецот се обиде да ја искористи борбата на Саинц со Леклерк, но тој го извлече дебелиот крај – се изврти и заврши на опашката од гридот. Во тие моменти Перез успеа да се помине Норис во битката за четвртото место.
Валтери Ботас и Луис Хамилтон брзо успеваат да се одвојат од останатите, првенствено од Албон кој не можеше да ги следи. Неговото заостанување брзо порасна на повеќе од пет секунди, но беше прилично осамен на третото место. Перез, Норис, Леклерк и Саинз исто така имаа дистанца помеѓу себе.
Во 51-от круг нов дефект, овој пат на болидот на Џорџ Расел кој мораше да се откаже, а бидејќи автомобилот запре покрај патеката, на сцена повторно се појавува безбедносото возило.
Албон, Норис и Леклерк го користат тоа за уште еден влез во боксот за промена на гуми, за разлика од Перез кој остана на патеката. Саинз промената ја прави круг подоцна и поради тоа паѓа на деветтото место.
По рестартот, поредокот е Ботас, Хамилтон, Перез, Албон, Норис, Леклерк. Албон тргнува во напад на Перез, но и ново излегување на безбедносниот автомобил затоа што Кими Раиконен остана без предното десно тркало. На патеката во тие моменти имаше само уште 13 болиди.
Three wheels on that wagon ?#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/GtVkN8miqO
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
По новиот рестарт, Албон е на третото место пред Перез, а до крајот остануваа уште 11 круга.
Очигледно со новите гуми Албон имаше добра брзина и набрзо го нападна Хамилтон. Нападот беше од надворешна страна, но во моментот кога се чинеше дека Хамилтон ќе биде поминат, доаѓа до допир на предното лево тркало на болидот на Британецот и задното десно на Албон, по што Тајланѓанецот заврши во чакалот покрај патеката. Албон некако успеа да се врати на патеката но како последен 13-ти. Судиите отворија истрага, по која следеша временска казна за Хамилтон од пет секунди.
History repeats itself for Albon and Hamilton ?#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/3FR1oxG2cd
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
Ситуацијата ја искористи Ботас кој ја зголеми прадноста, а за Перез, Норис и Леклерк наеднаш се појави можност да се најдат на подиумот. Во 64-от круг, Леклерк доаѓа до четвртото место, минувајќи го Норис, и веднаш тргна во потера по Перез. Возачот на Ferrari имаше предност поради поновите гуми и успешно го реши дуелот со Перез за третото место. Новата лоша вест за Мексиканецот беше казна од пет секунди за брзо возење низ боксовите.
Два круга пред крајот Албон се откажа како резултат на дефект, а младиот Норис со прилично агресивен потег успева да го помине Перез. Во самиот финиш без пласман остана и Квјат, така да целта стигнаа само 11 болиди.
Валтери Боттас ја забележа својата осма победа во кариерата, втора во Австрија. Хамилтон даде се од себе во последните кругови, но тоа не беше доволно за подиумот. Кога беше пресметана казната од пет секунди, тој падна на четвртото место, а на Ботас на подиумот му се придружија Леклерк од Ferrari и Норис од McLaren, кој во последниот круг успеа да стигне и до дополнителниот бод за најбрз круг на трката.
FINAL LAP: Onboard with @LandoNorris as he closes the gap to Lewis Hamilton by 0.7s
Enough to secure his first ever F1 podium finish and the DHL Fastest Lap Award in Austria ? ?#AustrianGP ?? #F1 @DHL_Motorsports pic.twitter.com/PqkKmXed5R
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
It's been seven months since our last champagne shower… but our top three still know how to celebrate! ??#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/TSGwVpaCKB
— Formula 1 (@F1) July 5, 2020
Саинз го освои петтото место, пред Перез, а до бодови стигнаа и Гасли, Окон, Џовинаци и Фетел. Единствениот возач кој стигна до финишот, а остана без поени беше Николас Латифи.
На крајот од денот, одлично отворање на сезоната, а нова трка не чека веќе за седум дена на истата локација.