Formula 1: Ботас помина без повреди, Волф верува во поправка на болидот без дополнителни казни
Валтери Ботис доживеа тешка несреќа на квалификациите за ГН на Мексико
Во последниот брз круг од последната квалификациска сесија, во последниот свиок, тој отиде премногу широко и удри во заштитната ограда. По ударот почувствувал болка во коленото, но по прегледот во медицинскиот центар утврдено е дека Финецот не претрпел никакви повреди.
„Во тој последен свиок од последната рунда во квалификациите, отидов малку пошироко отколку што сакав, но ми се чинеше дека со тракцијата ќе биде се во ред. Сепак, надворешната страна од патеката беше валкана и очигледно се собрала нечистотија на предната лева гума, по што јас само го изгубив грипот и удрив во ѕидот. Се лизнав по него, но на крајот беше дополнителната TecPro бариера и тој удар всушност беше доста жесток. Притоа, удрив колено со колено. Вo тој момент почувствував болка која траеше пет минути, но сега е добро“, изјави возачот на Mercedes.
A nightmare end to qualifying for Valtteri Bottas!
But thankfully he is okay ?#MexicoGP ?? #F1 pic.twitter.com/TakzoATo2i
— Formula 1 (@F1) October 26, 2019
Ботас заврши на шестото место во квалификациите, но останува прашањето дали тој ќе стартува од таа позиција или Mercedes ќе биде принуден да смени некои од компонентите на автомобилот, што би предизвикало некои казни.
„Автомобилот е доста оштетен, но 90% сме сигурни дека ќе можеме да го санираме без казни. Тоа беше вообичаен агол на удар, така што сè може да се поправи. Се разбира, мора да ги провериме сите детали, но досега не забележавме никаква штета на менувачот“, вели Тото Волф.