Aston Martin официјално потврди дека повторно ќе обезбеди безбедносен и медицински автомобил за 12 трки од овогодинешниот шампионатот во Formula 1

Автомобилите на Aston Martin својата прва должност на патеките ќе ја извршуваат на трката за Големата награда на Австралија на патеката Алберт Парк, а тркачкиот викенд е закажан од 8 до 10 април.

Како и минатата година, Aston Martin Vantage ќе биде возило за безбедност, но со одредени измени. Обоен е во новата зелена боја на Aston Martin Racing, која се наоѓа и на F1 болидот на компанијата со ознака AMR22.

Автомобилот за безбедност ќе го вози возачот на Fia Бернд Мејландер, а Vantage e специјално подготвeн од страна на тим во седиштето на компанијата во Грејдон. Користејќи го искуството од GT натпреварите ширум светот, вклучувајќи ја и трката 24 часа Ле Ман, Vantage Safety Car е адаптиран за F1 патеките ширум светот. Освен подобри перформанси, автомобилот добил радио антени, LED задна таблица и LED светлосна сигнализација на покривот.

Внатре се наоѓа системот на FIA за следење на ситуацијата на секој дел о патеката, како и камери кои на публиката ќе и овозможат поглед кон внатрешноста.

Улогата на медицински автомобил ја има Aston Martin DBX кој исто така е уникатно модифициран – спортски седишта сертифицирани од FIA, безбедносни појаси со шест точки, системот на FIA за следење на ситуацијата на патеката, како и ТВ екран преку кој лекарот може да ја следи трката од боксот. Во автомобилот има и противпожарни апарати, дефибрилатор и останата медицинска опрема.

Од Aston Martin признаваат дека податоците собрани од овој теренец на патеката минатата сезона се искористени за развој на моделот DBX 707 со високи перформанси.