Шефот на тимот на Mercedes се закани дека неговиот тим ќе поднесе официјален протест доколку Red Bull во Азербејџан се појави со истото задно крило

Според Тото Волф, задното крило на Red Bull е нелегално и му дава предност на австрискиот тим.

„Ако тие крила повторно се појават во Баку и ако видиме дека им даваат предност, ќе протестираме. Ако тоа не е доволно, ќе се обратиме до Меѓународниот апелационен суд. Целата работа може да биде многу непријатна“, изјави Волф за SkyF1.

Волф вели дека неговиот тим ги анализирал и податоците од предните крила и дека дека истото кај Red Bull се свиткува исто колку и нивното.

„Може да се случи и тие да протестираат против предното крило, но мислам дека на сите им е јасно дека задното крило се витка повеќе отколку што е дозволено“, додава Волф.

Екипите до ГН на Азербејџан имаат две недели и ќе видиме дали некој веќе тогаш ќе донесе модифицирано задно крило.