Премиерата е закажана за 14 септември оваа година

Ford Mustang е несомнено еден од најпопуларните таканаречени „Muscle“ автомобили во светот. Во моментов е актуелна неговата шеста генерација, но тоа наскоро ќе се промени.

На 14 септември оваа година ќе се одржи премиерата на Ford Mustang од седма генерација, а на социјалните мрежи штотуку се појавија најави со звукот на неговиот мотор.

За среќа, 8-цилиндерскиот мотор останува под хаубата. Клиентите сè уште ќе може да уживаат во звукот и параметрите на 5-литарскиот V8. Во понудата ќе остане и малку поекономичната опција, поточно 2,3-литарскиот EcoBoost мотор. Покрај тоа, производителот го задржува и рачниот менувач. Очигледно ќе има и верзија со погон на сите тркала.

Оваа информација сама по себе е одлична. Особено во моменти кога постојано се слуша за намалување на бројот на цилиндри и инсталирање хибридни системи секогаш кога е можно. Затоа, љубителите на Ford Mustang можат полека да ги одбројуваат деновите до големата премиера.

Доаѓа новиот Mustang.