Компанијата Tesla објави нови фотографии од својот прв електричен камион

Ништо чудно, со оглед на тоа што Semi првично беше претставен уште во 2017 година, а производството беше најавено за 2019 година. Помина многу време, па Tesla во меѓувреме мораше донекаде да го модернизира производот.

Tesla Semi можеби беше прв од ваков вид, но во меѓувреме некои го претекнаа и ги претставија своите електрични адути. Сепак, според последното ветување на Илон Маск, првите испораки на Semi ќе започнат до крајот на годината, а ветен е досег од дури 805 километри.

Оваа информација треба да се земе со резерва, но сигурно може да се види дека нешто се случува. Така, на официјалната веб-страница на Tesla, ажурирана е фотогалерија со очигледно редизајнирана изведба. Однадвор, Semi сега има големи ретровизори, зголемени се стаклените површини, а се гледаат и тркалата.

А и кабината сега изгледа поконкретно. Воланот добил нови контроли, поставена е нова контролна конзола, а променета е и линијата на прозорецот.

новиот дизајн / концептниот дизајн

Tesla Semi би требало да нуди автономија од 480 до 800 километри, во зависност од верзијата, а ќе биде придвижуван од три електромотори. Добро е да се знае дела 100 km/h ќе може да постигне за околу 20 секунди.