Ford и Volkswagen – проширување на соработката
Американскиот производител на автомобили Ford и германскиот Volkswagen објавија дека ја прошируваат нивната соработка започата уште во јануари. Ова со заедничко соопштение го објавија двете групации кои веќе заеднички работат на производство на ван, теренски возила и комерцијални пикапи
Двата од најголемите светски производители на автомобили – Ford и Volkswagen – откриja детали за нивната идна соработка. Taa ќе биде во областа на автономни сообраќајни системи, електрични автомобили и развој на нови модели. Договорот ќе овозможи пристап на Ford до платформата MEB, a на VW ‘e mu pomogne да развие нов пикап Amarok.
Во рамките на новиот сојуз, кој не предвидува размена на акции меѓу двете компании, Ford ќе развива електрични модели на MEB платформата. Американците очекуваат да продадат над 600.000 автомобили во Европа во текот на следните 6 години. Првиот сериски произведен електричен модел на брендот ќе се појави дури во 2023 година.
Стратегијата на Ford во Европа предвидува не само префрлување на автомобили со нулта емисија, туку и зајакнување на позициите во сегментите на кросовер и лесни комерцијални возила. Компанијата ќе се фокусира на создавање на пикап со средна големина за пазарите во Европа, Африка, Блискиот Исток, Азија и Јужна Америка, а кој ќе се продава со ознаките на двата бренда. Покрај тоа, Американците ќе му помогнат на VW во развојот на голем товарен автомобил, додека Германците во обратна насока ќе му помогнат на Ford во развојот на градски ван.
Заедно со развојот на нови модели и производство на електрични возила, Volkswagen ќе инвестира во стартап компанијата Argo AI, филијалата за развој на автономни возила без возач на американскиот Ford. На тој начин, двата производители на автомобили ќе имаат ист влог во Argo, кој досега беше мнозинска сопственост на Ford. Вредноста на оваа филијала по спојувањето се проценува на 7 милијарди долари.