Италијанскиот производител донел одлука за која верува дека ќе ја зголеми довербата на јавноста во однос на сигурноста на своите возила, како и дека ќе придонесе за подобри продажни резултати

Продолжувањето на гарантниот период е дел од продажната кампања која е во сила до 21 јануари оваа година.

Надвор од тековната кампања, Fiat нуди две-годишна гаранција, која сега со пакетот Maximum Care Guarantee е продолжена за дополнителни осум години, но, исто така, и ограничена на 100.000 километри. Во согласност со добрите деловни обичаи и законски норми, Fiat ова го објавил, со нормална големина на фонт и за кои конкретни системи се однесува продолжената гаранција: моторот, системот за пренос, системот за ладење, системот за довод на гориво, системот за управување, клима уредот, системот за сопирање, ставките од листата за безбедносна опрема, како и инструментизацијата.

Покрај тоа, сите автомобили на Fiat продадени во текот на кампањата, се покриени со дополнителна услуга „помош на (европски) пат“, која може да се користи во случај на потреба и во било кое време во текот на гарантниот период.

Треба да се додаде дека, купените автомобили во оваа кампања треба да се регистрираат најдоцна до 31 март, за условите да бидат валидни.

Моделите кои се вклучени во кампањата се 500x, 500, 500L, Panda, 124 Spider, Doblо и Qubo.