Fiat потврди нов теренец!
Наспроти шпекулациите дека Fiat би можел да се повлече од Србија и производство во фабриката во Крагуевац, соседните медиум објавија вести според кои Fiat не само што не се оди, туку ќе произведува и нов модел
За новиот модел на Fiat се зборува со месеци. Многумина веќе го нарекоа Fiat 601, а станува збор за кросовер модел, поставен веројатно на архитектурата на Tipо. Потврда за ова има и од првиот човек на Fiat, Оливиер Франсоа, кој вели дека тие навистина развиваат теренец, кој најверојатно ќе се произведува во Србија.
На овој начин, производствените капацитети во Крагуевац ќе бидат одговорни за производство на два модела, новиот кросовер и моделот 500L, кој останува во гамата на Fiat. Засега е познато дека новиот модел ќе има седум места, а моторната гама ќе се состои од палета на Firefly бензинци и хибридна верзија. За дизел засега не станува збор.
Кога станува збор за Fiat, тука е веста или најавата за вклучување на Fiat во електричната трка. Пристигнува Centoventi, кој треба да ја пополни празнината по заминувањето на Punto.
Од следната година Fiat се фокусира на електрификација на својата гама. Сите модели ќе добијат и електричен погон. Со моќност до 150 КС и солидни перформанси (0-100 km/h за 8 секунди, 150 km/h), овој модел ќе има целосна помуда за помали семејства. Почетната цена на моделот со автономија до 150 километри би можела да биде многу конкурентна, на ниво од 15.000 евра. Доколку сакате да ја зголемите автономијата, дополнително ќе може да купите уште една батерија и да го зголемите досегот на 500 километри.