Дали е навистина можно оваа снимка да биде направена некаде на автопатот во Велика Британија, каде Ferrari „се повлекува“ под камионска приколка за да се скрие од полициската потера !?

Вакви и слични сцени се чести во холивудските блокбастери. И да, на прв поглед, оваа снимка, направена во Велика Британија, се чини дека е направена токму при снимањето на некој од тие филмови …

Сепак, верувале или не, станува збор за компјутерска анимација, каде креаторот го направил не само Ferrari автомобилот кој „се вовлекува“ под резервоарот, туку и самиот шлепер, па и полицискиот пресретнувач.

Погледнете и сами како изгледа сето тоа …