Безбедноста на урбаните модели на Fiat станува кошмар за италијанскиот производител. По катастрофалните резултати на тестовите за безбедност на Fiat Punto, истиот „успех“ го повтори и претставникот во А сегментот, Fiat Panda

Тестови кои се замислени и имплементирани од страна на Euro NCAP се наменети за да се симулираат услови кои се јавуваат во текот на несреќи во реални услови, а на овие тестови, Panda стана само втор модел, кој не успеал да собере ниту една ѕвездичка. Да потсетиме дека уште еден претставник на групата FCA е во врвот на оваа неславна листа, SUV моделот Jeep Wrangler со само една ѕвездичка за безбедност.

Резултатите на Fiat Panda се пониски од 50% во секоја одделна категорија на тестовите на Euro NCAP, а причината за најголема грижа е секако резултатот од сегментот во кој се проценува заштитата на новороденчињата во задниот дел, каде што Panda има најлош резултат во историјата, а кој гласи 16%. Просечната оцена во оваа категорија, за сите тестирани возила, е 79%, па секоја споредба е непотребна.

Што се однесува до Wrangler, од Euro NCAP пријавиле „неколку проблеми при инсталирање на детско седиште во возилото“.

Портпаролот на Fiat, вели дека „за компанијата безбедноста е врвен приоритет, а Fiat Panda ги исполнува сите барања за безбедност на сите пазари каде што се нуди“.

Само како информација дека повеќе модели на неодамнешните тестови освоиле максимален број на ѕвездички, а меѓу нив се Audi Q3, BMW X5, Hyundai Santa Fe, Jaguar I-Pace, Peugeot 508 и Volvo V60.

Повеќе на следниот линк.